Амбасадорката на Украина, Лариса Дир денеска остварила средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши, на која Тошковски изразил безрезервна поддршка на Украина за целокупната состојба во која се наоѓа земјата.
„Во однос на сите барања од страна на Амбасадата на Украина за техничко-материјална поддршка и помош, министерот Тошковски истакна дека стои на располагање со најава дека ќе се излезе во пресрет за сѐ што е потребно во таа насока.
Амбасадорката Дир се заблагодари за досегашната успешна соработка и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Воедно, побара поддршка и помош за издавање на лични карти за привремена заштита на украинските државјани кои престојуваат тука согласно Одлука на Владата од 25.07.2023 година за давање привремена заштита на лица од Украина“, се вели во соопштението на МВР.






