недела, 14 декември 2025

Тошковски ја демантира Кузеска, вели трагедијата на Росица се користи за политички цели

Министерот Панче Тошковски демантира дека контактирал со убиената Росица Коцева, која беше убиена во Велес. Според него, порака со содржина во која убиената, молела за помош уште во моја годинава не е веродостојна. Тој смета дека настанот се злоупотребува за дневно политички цели. Ова следи по соопштението на СДСМ во кое портпаролката, Богданка Кузеска обвинува дека во јавноста се појавиле пораки за кои се тврди дека ги испратила самата Росица, во кои детално ја опишува својата голгота и бара заштита од државата.

Објавено на

часот

Сподели

Во пораката пишува: „Се надевам дека пишувам на правилно место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безисходна ситуација. Сепак оваа власт ја гласавме и поддржуваме ние граѓаните. Човекот кој од декември месец па наваму ме демне, ме тепа и нанесува друг вид насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е се уште на слобода! Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин“.

Претходно СДСМ праша дали оваа порака навистина пристигнала до министерството пред пет месеци и што е преземено. Според содржината, Росица навела и детали за институциите пред кои се обраќала, како и за тоа дека убијецот, и покрај пријавите за насилство, добил вратен пасош од МВР и патувал во странство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ