вторник, 3 февруари 2026

Тошковски: Имаме рекордери, по 40 забрани за управување со возило за двајца возачи

Во Македонија постојат возачи со екстремно голем број забрани за управување возило кои сепак се појавуваат во сообраќајот, изјави синоќа за ТВ Алфа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој презентираше загрижувачки податоци за сообраќајната култура и ефикасноста на досегашните санкции.

Објавено на

часот

Сподели

Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.435 граѓани, имаат по една изречена забрана. Вкупно 7.987 лица се соочиле со втора забрана, додека 1.863 возачи имаат по три правосилни пресуди за забрана за управување возило.

Има и рекордери кои и по десетици пати го изигрувале законот.

„Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

Тој нагласи дека ваквите фрапантни бројки се доказ за досегашните слабости во контролата, но порача дека со имплементацијата на новиот „паметен систем“, ваквото однесување во сообраќајот веќе нема да биде можно.

„Со овој паметен систем нема повеќе да можат да возат вака“, додаде министерот, потенцирајќи дека целта на „Безбеден град“ е ставање крај на неказнивоста за најекстремните прекршители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ