вторник, 3 јуни 2025

Тошковски ги повика институциите да ги проверат документите за тендерот за униформи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека сите документи поврзани со тендерот за униформи за МВР се јавно достапни. Одговарајќи на прашање за обвинувањата од СДСМ, кои тврдат дека тендерот е скандалозен и дека документите ги доставиле до Антикорупциската комисија, Тошковки потенцираше дека МВР ќе биде транпарентно во целата постапката. Тошковски заедно со косовскиот колега Џелал Свечла денеска се сретнаа на граничниот премин Јажинце-Глобочица со цел да се означи почетокот на  системот за заедничка интегрирана гранична контрола (познат како One Stop).

Објавено на

часот

Сподели

„Уште еднаш ги повикам Јавното обвинителство и сите останати институции кои имаат надлежност во овој дел да дојдат во рамки на Министерството за внатрешни работи, во одделот што ги спроведува овие јавни набавки, да ги видат сите документи што се поврзани со предметната набавка. Министерството за внатрешни работи е транспарентно и ќе биде транспарентно во целост на оваа постапка“, изјави Тошковски.

На прашањето за поднесените две обвиненија за кланот Беланоца-Барон и групата на Раде Штекли, министерот Тошковски рече дека овие предмети се само едни од оние предмети кои даваат историски резултати во Македонија.

„Многу пати имам кажано, не само јас и Јавното обвинителство и експерти од областа, дека од ваков тип на организирани и координирани акции помеѓу ЈО и МВР, каде што во текот на една акција се разоткриени повеќе од осум убиства, нешто што беше незамисливо до 2024 година во Македонија, а не верувам дека ќе има во иднина. Заради тоа што не верувам дека во иднина ќе има министри кои што во период од осум години нема да си ја работат својата работа и ќе дозволат Јавното обвинителство заедно со министерството да разоткријат ваков тип на криминали, само во една акција“, изјави Тошковски.

Порача македонските граѓани да бидат спокојни, бидејќи, како што рече „како министерство продолжуваме со исто темпо“.

„Продолжуваме во насока со нормализирање на Македонија. Она што го ветивме пред изборите се гледа на дело, како во однос на борбата против криминалот и корупцијата, така и во делот на однос на реализација на овие проекти“, рече Тошковски.

Тошковски заедно со косовскиот колега Џелал Свечла денеска се сретнаа на граничниот премин Јажинце-Глобочица со цел да се означи почетокот на  системот за заедничка интегрирана гранична контрола (познат како One Stop).

Тошковски нагласи дека сега ќе има побрз трансфер на патници со Република Косово затоа што заедничката контрола е воспоставена на двата гранични премини Блаце и Јажинце.

„Пуштање во функција на граничниот премин Блаце се покажа како многу функционална, се се надевам дека и овде исто така ќе имаме апсолутно подобра функционалност, побрз трансфер на нашите граѓани се со цел да имаме што е можно подобра комуникација како две држави. Имплементирање на оваа можност ќе продолжи и понатаму со Република Србија и со Република Албанија, така да ќе овозможиме буквално на сите оние граници на коишто е возможно, да го имплементираме во најкус можен рок се со цел граѓаните во Балканот да може да комуницираат, да се движат и ги остваруваат сите оние права најбрзо што може“, истакна Панче Тошковски.

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити оцени дека меѓувладината седницата која ја имаа двете држави е основата за оваа достигнување.

„Ако имавме дилеми за Блаце дали ќе функционира успешно, бидејќи правеа споредби со а со системот во Табановце и во други гранични премини, сведоци сме дека Блаце најфреквентниот граничен премин од долги редови долги, долги чекања и жалење на граѓаните денес е по европски стандарди се чека минута-две. Очигледно покажуваме дека сме посветени затоа што сме избрани да сме во функција на граѓаните,  во функција на олеснување на нивното движење. Како што беше со Блаце, сега сигурно и сега и Тетово ќе биде поблиску до Приштина и обратно“, истакна Изет Меџити.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла истотака посочи дека соработка на двете полициски и царински служби ќе овозможат полесно движење на граѓаните од обете страни на границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ