Тој вечерва информираше за тоа дека со натчовечки напори припадниците на МВР, на Армијата, на ЦУК, ДЗС и општините кои се вкучени во гасењето на пожарите успеаја денеска најголемите пожари да ги стават под контрола.
„Денес е активиран и механизмот за европска помош за справување со пожарите. Сите владини иснтитуции се целосно мобилизирани. Веќе се вклучени 300 војници, 400 полициски службеници се активни на терен… Убеден сум дека соодветно ќе одговориме на сите предизвици и ќе ги победиме сите овие огнени стихии“, изјави Тошковски по состанокот на владиниот кризен штаб.