сабота, 31 јануари 2026

Тошковски: „Безбеден град“ не е за да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе

Од утре стартува примената на „Безбеден град“. Повеќе нема да има опомени за оние кои што ќе сторат прекршок, туку ќе се изрекуваат казни согласно системот кој што го имплементираме. Овој систем не е систем за казнување, туку има за цел да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, и при тоа спасиме еден човечки живот повеќе, оти човековиот живот нема цена, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

Тошковски инфромира дека од вчера во примена е нов Правилник со кој се зголемува прагот на толеранција за возачите.

„Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш 8км/ч. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од Министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи се измени овој правилник и стапи во сила во текот на вчерашниот ден со тоа што сега за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч. Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч. Таму каде што имаме ограничување од 100км/ч а се управува возило со над 101км/ч моторно возило камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку е дозовлено да речеме 100км/ч, а вие управувате на пример со 113км/ч. Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи“, дециден беше министерот Тошковски во гостување на МТВ.

Министерот во контекст на бебзедноста во сообраќајот најави уште еден проект кој ќе се имлементира во наредните денови со поддршка на Македонски телеком.

„За сите овие прекршоци кои се сторуваат во рамки на толеранцијата, значи ако е забрането над 30км/ч од 30-36км/ч, ако е забрането над 50км/ч од 50-59км/ч ќе доставуваме информативна порака од страна на Министерството за внатрешни работи до секој еден граѓанин кој што ја пречекорил брзината со која што ќе им го привлечеме вниманието на граѓаните дека и покрај тоа што возат во рамки на законската толеранција која што е дозволена нема да има парична казна, односно нема да има прекршок, тие надминуваат над законски уврдената брзина со што доколку не дај боже кој било граѓанин управува моторно возило и стори сообраќаен прекршок со 55км/ч таму каде што е дозволено да се управува моторно возило максимум со 50км/ч и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично“, порача министерот Тошковски.

Говорејќи за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, тој информираше за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците.

Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може да се должи на претходно доставени погрешни информации од граѓаните или на грешки при внес во системите. Поради тоа, можно е одредени граѓани да добијат известување или записник што не се однесува на нивното возило или на прекршок што тие не го сториле.

„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот.

Тој нагласи дека во новиот систем е воведен и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето на СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе треба преку линк да пристапи до записникот, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се овозможува дополнителна автентикација и проверка на веродостојноста на податоците, со цел лични информации да не бидат доставени на погрешно лице.

Министерот потенцираше дека, и покрај современата технологија, можни се технички грешки поради надворешни фактори како светлина, временски услови или други околности што може да влијаат врз читањето на регистарските таблички. Во такви случаи, граѓаните повторно ќе имаат можност да побараат исправка, која ќе биде извршена во најкус можен рок.

„Не постои совршен систем и не тврдам дека нема да има грешки. Ќе ги има, но тие ќе се коригираат. Овој систем е значително подобар од она што го имавме досега, а неговата основна цел е да спасува животи и да обезбеди поголема безбедност во сообраќајот. Важно е одговорност да сноси оној што го сторил прекршокот“, порача Тошковски.

Проектот „Безбеден град“ претставува дел од пошироките напори на Министерството за внатрешни работи за дигитализација, зголемување на транспарентноста и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ