понеделник, 15 декември 2025

ТМРО: Да се укинат ваучерите за спортските клупчиња

TМРО бара Министерството за спорт со законски измени веднаш да ги укине ваучерите за спортските клупчиња, здруженија на граѓани кои се покажаа генератор за колапсот на целокупниот македонски спорт. Шокантните поразителни резултати на сите возрасти на селекциите во ракомет, кошарка, одбојка, заковани на европското дно со застрашувачки високи порази, го вклучуваат алармот за итна државна реакција на очигледно негативната селекција, се вели во соопштението на ТМРО.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие приватни здруженија клубови се корисници на астрономски државни ваучери, а сопственици се луѓе кои се јавуваат и како тренери, а немаат допирни точки со тој спорт. Не можат да селектираат играчи, а тоа што го профилираат е очигледно негативна селекција за сопствен интерес што се покажува години наназад со невадењето квалитетен играчки кадар. Заработката на поединците од овие клубови ваучери е голема, а предложувањето за репрезентативни селекции е со тарифа која си ја плаќаат првично родителите, а со добивањето на статус репрезентативец парите брзо се враќаат со оглед на стипендијата од 27.000 денари месечно од државата со добивање статус репрезентативец. Тука има очигледен организиран криминал во спортот и работа за истражните органи и ОЈО, кои мора со енергична акција да го спречат потопот на македонскиот спорт кој е заробен подолго време во системот на криминалните ваучери“, соопшти ТМРО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ