„Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се и дали се стерилни, или не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат правени преврски во стерилни услови и со стерилни инструменти“, изјави денеска директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска.
Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 пациенти, од кои дел се лекуваат во земјава, а дел во странство. Има и пациенти со изгореници од прв степен за кои тимови по пластична хирургија ќе бидат испратени во Кочани.