понеделник, 22 декември 2025

Тиквешки лозароовоштари бараат повторно да се активира служба за заштита од град

Повторно да се активира служба за заштита од врнежи од град како во минатото, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Јошев информираше дека деновиве дел од земјоделските култури во кавадаречко претрпеле штети од невремето проследено со врнежи од град.

„Градобијните зрна направија штети во неколку месности. Штетите се од дваесетина до околу осумдесет проценти. Очекуваме да се формира општинска комисија за проценка на штетите, па да бидеме обесштетени“, изјави Јошев.

Тој нагласи  дека во земјоделството, подобро е да се спречат причините за врнежи од град, отколку потоа да се санираат штетите од невреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ