„Ја поддржавме иницијативата за отворање на широк дијалог околу измени на Изборниот законик. Бараме промена на изборен модел односно модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалкубројните етнички заедници во Собранието на Република Северна Македонија.
Во таа посебна изборна единица партиите на помалкубројните етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно. Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава ќе биде овозможено да гласаат гласачи од помалкубројните етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови.
Сметаме дека со ваквиот изборен модел не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалкубројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Северна Македонија“, соопшти ТХП.