недела, 14 декември 2025

ТХП: По Рамковниот договор рамноправност за сите етнички заедници

Денес одбележуваме значајна годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ кој претставува темел за градење на соживот, еднаквост и меѓуетничка хармонија во нашата држава. Овој договор е исклучително важен за унапредување на меѓуетничките односи и останува еден од клучните столбови на демократијата во Македонија, се вели во соопштение Партијата за движење на Турците – ТХП.

Објавено на

часот

Сподели

Партијата за движење на Турците – ТХП го поздравува историското значење на Охридскиот рамковен договор, кој постави основа за инклузивно општество и за зајакнување на правата на сите заедници.

„Сепак, сметаме дека е неопходно континуирано усовршување на неговата имплементација, со цел целосно остварување на неговите принципи. Посебно внимание треба да се посвети на помалку бројните заедници, кои мора да бидат рамноправно вклучени во сите општествени процеси и да ги почувствуваат конкретните придобивки од овој договор.

Понатаму, нагласуваме дека за целосно остварување на демократските принципи на Охридскиот рамковен договор, постои потреба од воведување на подемократски изборен модел. Ваков модел би овозможил посилна и поправична застапеност на сите заедници, особено на помалку бројните, во демократските процеси, зајакнувајќи ја довербата во институциите и промовирајќи вистинска еднаквост.

Веруваме дека само преку заеднички напори, дијалог и посветеност на сите чинители во општеството можеме да изградиме држава во која секој граѓанин, без оглед на етничката припадност, ќе се чувствува рамноправен и вреднуван. Остануваме посветени на промовирање на овие вредности и на поддршка на политиките што водат кон целосна реализација на духот на Охридскиот рамковен договор.

Нека оваа годишнина биде потсетник за важноста на единството, солидарноста и заедничката работа за подобра иднина за сите“, соопшти Партија за движење на Турците – ТХП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ