Од ТХП велат дека моменталната реалност е сосема спротивна. Процесите се нејасни, нетранспарентни, дури и за оние граѓани кои официјално имаат поднесено барање, а институциите не покажуваат соодветна комуникација или поддршка.
„Ваквиот пристап и пасивност на институциите создаваат длабока недоверба и незадоволство. Не смееме да заборавиме дека станува збор за илјадници едуцирани, искусни и квалитетни луѓе со длабока емотивна и културна врска со Македонија, кои претставуваат вистински потенцијал за економски, интелектуален и општествен напредок на нашата држава. Сепак, оваа заедница е систематски маргинализирана и ставена во положба на жртва, одбегнувајќи ги нивните основни права и можен придонес. Затоа, ТХП бара итно воведување на поедноставен и транспарентен механизам за добивање државјанство, дефинирање на јасни и јавно достапни критериуми и рокови за сите барања. Празните изјави немаат никакво значење, Владата мора преку конкретни дејствија да ја потврди својата добра волја и својот државнички ангажман кон своите граѓани, без разлика каде живеат“, велат од ТХП.






