петок, 13 јуни 2025

ТХП го одбележа во Скопје, 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк и празникот на младоста и спортот во Турција

Со масовно учество на турската заедница, во Скопје свечено го одбележавме 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот. Настанот се одржа во главниот град на Македонија и беше организиран во духот на почит кон визијата на Мустафа Кемал Ататурк и важноста на младите како двигатели на општествениот развој, се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците – ТХП.

Објавено на

часот

Сподели

На присутните им се обратил претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, кој ја нагласи симболиката на овој значаен ден и посочи дека младите претставуваат иднината на турската заедница во Македонија. Тој ја потврди заложбата на ТХП за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на Турците во државата, како и за нивната рамноправна застапеност во општеството.

Програмата беше збогатена со настап на познатиот турски поп-пејач Хакан Пекер, кој со своите изведби создал одлична атмосфера и внел уметнички белег на вечерта.

Партијата за движење на Турците – ТХП им изразува благодарност на сите кои биле дел од прославата во Скопје и придонеле 19 Мај да биде достојно одбележан.

По повод 19-ти мај, Денот на сеќавањето на големиот реформатор и основач на Турската Република, Кемал Ататурк, како и Денот на младите и спортот, којшто го слават припадниците на турската заедница, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова ги посети OOУ „Мустафа Кемал Ататурк“ и здружението „Адексам“ во Гостивар и оствари средба со жителите на селото Горна Бањица.

Во обраќањето пред присутните, таа истакна дека образованието на мајчин јазик е претпоставка за зачувување на националниот и културниот идентитет и им укажа на учениците и родителите дека нема подобра инвестиција од влогот во знаењето.

Во училиштето, со најмногу ученици од турската заедница и настава на турски, македонски и албански јазик, претседателката беше запознаена со неговиот развој, капацитети и персонал, а потем ја проследи прекрасната приредба, колаж на ора, музички точки, ораториум и рецитирање.

За неа, но и за директорот на училиштето, мултикултурниот амбиент е одлична средина за градење соживот.

За успесите и проблемите на турската заедница во земјава, таа разговараше со претставниците на турските здруженија од Гостивар. Тахсин Ибрахим, претседател на здружението „Адексам“ и на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), информираше за нивното повеќедецениско дејствување во областа на културата и образованието.

Посочувајќи ги главните предизвици во основното и средното образование, Ибрахим истакна дека и покрај исполнетите услови во одредени општини нема настава на турски јазик. Во разговорот беше укажано на потребата од доследна примена на начелото на правична и соодветна застапеност на Турците во државните органи и институции.

Претседателката ги охрабри во гласноста на обзнанувањето на проблемите и вети лична заложба во нивното адресирање, обзнанување и надминување.

Во Горна Бањица, Сиљановска-Давкова нагласи дека високо ја цени традиционалната лојалност на жителите од овој крај кон државата и го поздрави придонесот во негувањето на турската култура, на здруженијата „Алтин Пармаклар“ и „Намик Ефенди“.

Присутните изразија незадоволство од експропријацијата на плодното земјоделско земјиште за потребите на изградбата на инфраструктурата со пренизок надомест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ