„Нашата земја е изградена врз демократски вредности кои подразбираат плурализам, одговорност и почитување на правната држава. Обезбедувањето функционални, фер и слободни изборни процеси е клучен предуслов за стабилноста и довербата во институциите. Во отсуство на законска регулатива што би спречила назначените повереници да се кандидираат за градоначалници, се отвора простор за злоупотреби, ограничување на демократските права и отстапување од европските стандарди.
Искуствата од други држави каде што се применува управување преку повереници покажуваат дека ваквите практики можат да доведат до зголемени ризици од авторитарни тенденции. Тоа директно го нарушува очувувањето на партиципативната демократија и го отежнува процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија“, сметаат од ТХП.
Поради сето наведено, од Партијата за движење на Турците повикуваат итно да се донесе ефективно законско решение со кое на назначените повереници ќе им се забрани кандидатура за градоначалници во општините каде што привремено управуваат.
„Само со јасни правила, транспарентност и одговорност можеме да ги заштитиме демократските процеси и да обезбедиме фер и европски усогласени избори“, порачуваат од ТХП.






