„По интензивна и континуирана работа, екипите на ЈКП Шар успешно го санираа дефектот на старата водоводна линија Ф400. Благодарение на посветеноста на нашите работници, водоснабдувањето во градот е целосно нормализирано и повторно достигнува капацитет од 400 литри во секунда. Им се извинуваме на граѓаните за непријатностите предизвикани за време на прекинот и ви благодариме за трпението и разбирањето што го покажавте во овој период“, соопшти ЈКП Шар.
Раководството упатува посебна благодарност работниците, кои, и покрај високите температури и тешките услови, вложиле максимални напори за брзо и ефикасно решавање на проблемот.






