четврток, 11 декември 2025

Тетовчанец ѝ се заканувал на сопругата по расправија за продолжен кабел, Обвинителството отвори истрага

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово поведе постапка против тетовчанец за кој постои основано сомнение дека извршил кривично дело загрозување на сигурноста.

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, осомничениот, на 9 декември, во заедничкиот дом во Тетово, започнал расправија со сопругата заради продолжен кабел кој што таа го купила и не сакала да му го даде да го користи.

„Во момент на нервоза, тој започнал да ја пцуе и да ѝ се заканува дека ќе ја избрка од дома заедно со нивните две малолетни деца или дека ќе ја фрли од прозорецот на четвртиот кат. По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од осум дена за осомничениот“, информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ