На Илинска планина пожарот се гасне со три ер-трактори, но резултатот е слаб. Пожарот на територијата на Општина Пласница е под контрола, но во Пехчево гори борова шума. Овој пожар беше под контрола, но повторно се разгоре.
Попладнево силен пожар изби кај селото Косел, Охрид, и во опасност е боровата шума во околината. Таму е упатен еден хеликоптер.
И во Скопје избија два пожари, кај Зелениково и Љубанци.
Во јули на територијата на Македонија регистрирани се 620 пожари на отворено, од кои 611 се изгаснати. На 29 јули беше рекордот – 66 пожари во еден ден.






