Според него, станува збор за рамковна спогодба од отворен карактер и секој што бил заинтересеин можел да се вклучи и јави на овој повик.
„Рамковнa значи дека ако се нарачаат ќе треба да се платат. Јас не знам дали имат или немаат капацитет фирмите. Да видиме, дoколку немаат ќе биде раскинат, ако не ќе продоложи договорот. Сепак станува збор за униформи за припадници на MВР, ако ги користат“, појасни премиерот на денешната прес-конференција во Владата.
Тој уште еднаш повтори дека ништо не се крие од јавноста за овој тендер и дека јавната набавка била отворена без лимитирачки услови како во минатото. Секој можел да се јави, а зошто не била одбрана одредена фирма рече дека не знае и за тоа одговор треба да даде МВР.
Посочи дека нема што да се крие и повтори дека целокупната тендерска ќе биде ставена на увид и ја повика јавноста да направи увид.