среда, 2 април 2025

Тендер во Министерството за дигитализација ги скара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ е партија чиј премиер Димитар Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Зоран Заев кој даваше лиценци на брат му. СДСМ да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација и дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките, побара ВМРО-ДПМНЕ откако претходно денеска на прес-конференција потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски обвини дека тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап го добила фирма чии сопственици се родителите на извесен Борче Младеновски, вработен во ИТ секторот на министерството со кое раководи Стефан Андоновски.

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега. Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините. СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска на прес-конференција потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски обвини дека тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап го добила фирма чии сопственици се родителите на извесен Борче Младеновски, вработен во ИТ секторот на министерството со кое раководи Стефан Андоновски.

„Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно? Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството? Индикативен е називот на меjлот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи [email protected]. СДСМ се обиде го најде списокoт на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сѐ уште тој документ е во изработка. Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски? Селективноста и селективната правда е потребна за сите други случаи на власта кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани. Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните“, рече Илиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ