Изминатите 24 часа заклучно до 7 часот утрово најмногу дожд наврнал во Струмица, 50 литри на метар квадратен. Во Пожар 34 литри на метар квадратен, 25 во Гевгелија, 21 во Демир Капија, 20 во Битола и Штип, 19 во Крива Паланка и Попова Шапка, 18 во Берово, 16 во Претор и Пожаране, 15 во Виница и Крушево, 14 во Маврови Анови и Тетово, 13 во Лазарополе, 10 во Тополчани, 6 во Скопје-Петровец, Кавадарци и Прилеп, како и 4 литри на метар квадратен во Велес и Куманово.
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови,над 35 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. `






