Македонски Телеком им се приклучува на останатите оператори на Дојче телеком во Европа и преку партнерството со Волт на корисниците им обезбедува ексклузивна понуда достапна само преку програмата за поволности и подароци, Magenta Moments во апликацијата Telekom MK.
Што добиваат корисниците на МТ?
Сите корисници на Македонски телеком можат да уживаат во ексклузивната понуда достапна само преку Magenta Moments – 12 месеци бесплатна членарина за услугата Wolt+. Со бесплатната членарина за Wolt+, корисниците, кога нарачуваат од Wolt, ќе можат да уживаат во бесплатна достава од широкиот избор на локални ресторани, продавници за храна и намирници достапни во портфолиото на Wolt. Со вклучувањето на Wolt во Magenta Moments, Телеком ја носи оваа популарна платформа за локална трговија и достава на дофат на корисниците, овозможувајќи им дополнителна и уникатна вредност на пазарот и секојдневни заштеди, при тоа олеснувајќи им го пристапот до она што им треба, токму во моментот кога им треба.
Достапни пазари
Придобивките од ова партнерство ќе бидат достапни за членовите на Magenta Moments на следниве европски пазари: Македонија, Хрватска, Австрија, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.
За Magenta Moments
Magenta Moments е меѓународна дигитална програма на Дојче телеком за подароци и поволности за корисниците којашто нуди телекомуникациски придобивки и придобивки поврзани со животниот стил. Програмата вклучува над 3.000 партнери и милиони членови низ цела Европа. Magenta Moments е обезбедена преку апликацијата Telekom МК, којашто е достапна бесплатно во App Store (iOS) и Play Store (Android).
Комерцијален текст






