сабота, 5 април 2025

Телеком Србија ги презема Тотал ТВ и Нет ТВ

Групацијата Телеком Србија ги купи НЕТ ТВ плус од компанијата Јунајтед груп (United Group) и сателитската телевизија Тотал ТВ во Србија и Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа аквизиција ќе овозможи значително проширување на понудата на телевизиски канали и мултимедијални содржини за корисниците во дијаспората и на домашниот пазар.

Корисниците на НЕТ ТВ отсега ќе имаат пристап до над 150 нови канали, со што вкупниот број на достапни канали достигнува 362. Оваа нова понуда вклучува атрактивни спортски, филмски, сериски, информативни и забавни содржини од богатото портфолио на Телеком Србија.

Гледачите ширум Европа и светот ќе можат да уживаат во премиум спортски преноси преку „Aрена спорт“ каналите, како и во најновите домашни серии и филмови на каналите „Суперстар ТВ“, „РТС“ и други водечки регионални и локални телевизии.

Дополнително, освен зголемениот број телевизиски канали, корисниците на НЕТ ТВ ќе имаат можност да пристапат до значително збогатена видеотека во рамките на услугата VoD (Video on Demand). Ова значи дека љубителите на филмови и серии ќе можат да гледаат врвни продукции по свој избор, во секое време.

Една од големите придобивки за корисниците на НЕТ ТВ во Германија, Швајцарија и Австрија е можноста да станат корисници на мобилните услуги на „MTEL“ под исклучително поволни услови, прилагодени на потребите на дијаспората. Важно е да се напомене дека постојните корисници на НЕТ ТВ нема да мораат да ја менуваат својата опрема, а начинот на плаќање останува непроменет.

Со преземањето на Тотал ТВ, Телеком Србија значително ја проширува својата сателитска понуда, овозможувајќи на корисниците пристап до ексклузивни содржини. Почнувајќи од април, гледачите на Тотал ТВ ќе имаат можност да следат повеќе канали од понудата на Телеком Србија, вклучувајќи ги „Aрена спорт“ каналите, кои отсега ќе емитуваат и содржини од „Спорт клуб“.

Дополнително, корисниците ќе можат да уживаат во најдобрите домашни серии и филмови достапни на „Суперстар ТВ“ каналите.

Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, ја истакна важноста на оваа аквизиција за компанијата: „Со преземањето на Тотал ТВ и НЕТ ТВ, Телеком Србија ја потврдува својата лидерска позиција во дистрибуцијата на мултимедијални содржини, не само во Србија и регионот, туку и во дијаспората. Нашите корисници добиваат значително збогатена понуда на ТВ канали, особено во доменот на спортските и сериските содржини, преку ‘Срена спорт’ и ‘Суперстар ТВ’. Верувам дека ова ќе придонесе за дополнителен раст на нашата база на корисници“.

Телеком Србија останува посветен на континуирани инвестиции во мултимедијални содржини и подобрување на квалитетот на своите услуги. Целта на компанијата е да обезбеди беспрекорно корисничко искуство и да го зацврсти своето место како водечки телекомуникациски оператор на Западен Балкан и пошироко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ