„Зборуваме за тоа колку синдикатите се моќни, колку се автономни, колку се независни, бидејќи гледаме едно раслојување на синдикатите“, рече Ампева.
Текстилната индустрија се наоѓа во опасност, а со тоа и задржувањето на работните места. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов посочи дека една од заложбите на ССМ е и како да се спречи оваа појава.

„Мислам дека тоа треба да биде во фокусот на денешниот ден. Но сметаме дека покрај правата на синдикалното организирање, формирање на синдикатите и нивното функционирање, поважно е да зборуваме за работничките плати, губењето на работните места и опасноста во која се наоѓаат, имајќи предвид дека текстилната индустрија е во опасност“, рече Трендафилов.
Вечерва во рамки на „Текстилијада 9“ ќе има и претстава во Народниот театар Штип, а во текот на вчерашниот ден имаше изложба, литературен конкурс.






