вторник, 6 мај 2025

Teфтер.мк – бесплатна веб-страница за објавување на цени за малопродажните бизниси

Дуна, како компанија која 30 години работи на македонскиот пазар, ги става на располагање своите услуги за сите компании кои имаат потреба да ги објават своите цени, а моментало немаат своја интернет страница. Преку платформата Тефтер, сите засегнати фирми од владината мерка ќе можат да се регистрираат на платформата и секојдневно да ги ажурираат цените.

Објавено на

часот

Сподели

Според Правлникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците, сите поголеми малопродажни бизниси (супермаркети, аптеки, салони за бела техника и мебел, како и на продавници за градежни материјали) од 18 април имаат обврска јавно да ги објавуваат цените на производите што ги нудат на своите веб-страници.

Следни чекори за корисниците:

– Отвори ја https://tefter.mk

– Разгледај ги можностите

– Побарај понуда (сопствена страница).

Така, според барањата од надлежните институции, цените ќе бидат објавени на јасен и достапен начин, без корисниците да имаат потреба од регистрација или дополнителна најава. Дополнително, според барањата на Правлникот, платформата овозможува ажурирање на дневна основа, секој работен ден до 10 часот.

„Сосема нѝ е јасен предизвикот за помалите маркети и компании кои моментално не располагаат со сопствен вебсајт/интернет страница и во овој краток период не можат да ги исполнат барањата. Токму затоа, tefter.mk е одлично решение, бидејќи добиваат сопствена страница за својот бренд и можност самостојно да ракуваат со сите информации на дневно ниво“, вели Александар Пајковски, сопственик на Дуна.

Освен ценовници, корисниците на tefter.mk можат да објавуваат и свои акции, партнери, попусти на производи, но и да следат аналитички информации, односно број на посети, кликови и слично.

Сите коишто имаат потреба за вакво решение, може контакт да воспостават преку тефтер.мк, мејл contact@duna.mk или на телефонскиот број  02 3104500.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ