Вчера на територијата на Македонија имаше 43 пожари од кои 30 се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Пехчево, село Негрево, Општина Старо Нагоричане, кај селата Малотино и Жегљане, Кратово, село Татомир, Општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница, крак кон Јасен кон Раставувачи за струја, Свети Николе, Горно и Долно Ѓуѓанци, Строиманци и Ранченци, во Пробиштип активни се два пожара, Зелениград и Јамиште и Стрисовци и Барбарево, Пласница, кон селото Латово и Општина Кочани, кај селото Пресека.

Под контрола се пожарите кај Демир Хисар, Илинска Планина, Кочани, кај селата Главовица и Пониква, Свети Николе, селата Орел и Мездра и кај Ерџелија.






