Слетаа авиониите на летовите од Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, Берлин, Минхен (Меминген) и Цирих. Полетани се 13 авиони за Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел, Барселона, a Рим (Фјумичино) и Малме ќе полетаат.
Откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), а пренасочени се два лета
Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.
Сите капацитети на Меѓународниот аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај, соопшти ТАВ Македонија.






