недела, 21 декември 2025

ТАВ Македонија: Откажани се 20 летови од скопскиот аеродром

Поради маглата намалена е видливоста на Меѓународниот аеродром Скопје што предизвика, од полноќ до 12 часот напладне, да е откажат 20 лета, а еден лет е пренасочен, информираат од ТАВ Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург.

Согласно временската прогноза намалена видливост ќе има и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден.

Сепак, со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција на намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија. За патниците и јавноста повторуваме – Меѓународниот аеродром Скопје не е затворен, соопшти ТАВ Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ