сабота, 20 декември 2025

ТАВ Македонија: Аеродромот во Скопје е отворен, поради маглата откажани се 16 летови

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот аеродром Скопје, денеска до 18 часот откажани се 16 летови, а 11 се пренасочени.

Објавено на

часот

Сподели

„Три авиони слетаа и три авиони полетаа попладнево, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден. Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта.

Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат.

Аеродромот е отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците“, соопшти ТАВ Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ