недела, 6 април 2025

Таравари засега не излегува од коалиција, ама можноста не е исклучена

Арбен Таравари, министер за здравство и дел од Коалицијата Вреди синоќа во изјава за медиумите негираше дека ќе ја напушти владината коалиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Не, засега не. Работните групи меѓу пратениците се уште водат преговори, така што се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик. Ако не, тогаш ќе видиме како понатаму“, рече синоќа Таравари во изјава за медиумите на албански јазик.

Пратеничката група на Вреди работи на начинот за евентуална соработка за локалните избори. Оттаму велат дека имале средба на која разговарале за настапот на локалните избори, дека рамката се усогласува и оти за кратко време ќе имаат верзија која ќе им биде позната на лидерите од коалицијата.

Таравари деновиве во јавноста изнесе тврдење дека има несогласувања во коалицијата Вреди во врска со настапот на локалните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ