среда, 17 декември 2025

Стана како чума иселувањето на младите, рече Таравари и упати порака до Села

Претседателскиот кандидат од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на форумот „Миграција на младите“ зборувал за иселувањето на младите од Македонија, за кое тој го употреби терминот вистинска чума. Во изјава за новинарите пак, на доскорешниот близок соработник, а сега предводник на фракција во Алијанса за Албанците, Зијадин Села му порача да не одат на избори со ДУИ и ДПА.

Објавено на

часот

Сподели

Таравари на Села му порача да дојде кај него и тогаш ќе му ги потпише изборните листи само за да не оди со ДУИ на исти листи.

„Им кажав, не сакам јас да бидам причината тие да одат заедно со ДУИ. Ги имам печатите и ќе им ги потпишам изборните листи за да излезат сами на изборите како што најавуваа. Искрено, не би сакал да одат заедно со Али Ахмети и Мендух Тачи. Два пати се менуваат судии, два пати се изземаат судии, ми се чини дека бараат да им се падне судија кој што им одговара заради печатите. Не е логично од судија којшто го зел предмето да се бара изземање, па потоа и од другиот судија“, рече Таравари.

А во разговор со младите Таравари кажа дека иселувањето на младината може да се запре со зголемени инвестиции во образованието и поддршка на претприемништвото, со инвестиции во регионален развој, транспарентност и отчетност, ангажирање на иселениците како и поддршка за повратниците.

„Да работиме рамо до рамо за да создадеме општество каде нема ниеден талент да се изгуби и секој поединец да придонесе за просперитетот и благосостојбата на земјата. Затоа, денес стојам пред вас, не за кампања и ветувања, туку за да слушам, сакам да ги слушнам вашите грижи, вашите очекувања, вашите идеи, па и вашите соништа, за улогата што треба да ја одигра државата во обезбедувањето подобра перспектива во татковината“, рече Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ