Во писмото упатено до Мицкоски, кое АА го прати до медиумите, Таравари наведува дека „со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата“ ја извршувал функцијата.
„Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата, и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес“, напишал Таравари во оставката до премиерот Мицкоски.
Оставката на Таравараи од позицијата во Владата е нешето што се очекуваше од мигот кога изјави дека не е подготвен да учествува во преминот на коалицијата Вреди во партија, чиј дел беше и неговата фракција од партијата Алијанса за Албанците. Денеска од Вреди, најавија формирање на нова пратеничка група, која засега има 9 членови, а во која не се вклучени пратениците од крилото на АА на Таравари.