сабота, 26 април 2025

Таравари: Останати се на лекување 57 пациенти од пожарот во Кочани – деветмина во Скопје, 48 се во странство

Вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца се во критична состојба, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

Од 57, деветмина се во Скопје. Двајца се моментално на Клиничкиот центар, на Клиниката за пластична хирургија. Четворица се во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, еден пациент е во ГОБ „8 Септември“. Останатите се лекуваат во приватни болници.

„Сите се во стабилна состојба“, подвлече Таравари.

Во странство се лекуваат 48 лица од трагедијата во Кочани.

„Еден пациент се враќа денеска од Унгарија, па ќе останат четириесет и седум пациенти во странство“, рече Таравари.

Тој рече дека двајца се во критична состојба, другите се екстубирани. Некои биле на рехабилитација, други чекале оперативни зафати.

Како позитивен пример, министерот посочи пациентка двапати реанимирана, која денеска на Пластична хирургија била во сосема подобра состојба.

„Добар пример за пациент кој беше многу тежок“, додаде Таравари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ