„Делегацијата беше пречекана и од претставници на Општина Пустец, што ја одразува институционалната посветеност кон регионалната соработка. За време на средбата беа потенцирани одличните односи помеѓу Општина Пустец и Македонија, како и важноста од нивно зачувување и зајакнување во иднина, објави Општина Пустец.
Според истиот извор, градоначалникот Колефски, ја потврдил континуираната посветеност на оваа соработка и пријателство, нагласувајќи ја заложбата за проекти и иницијативи што носат развој и придобивки за заедницата.
Делегацијата, во која се и Ваљбон Лимани, градоначалник на Општина Гостивар, Блерант Рамадани, генерален секретар на партијата, Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште и Назим Таипи, претседател на Националното собрание на АА, претходно, според албанските медиуми имала средба со градоначалникот на Поградец и првиот човек на округот Корча.






