понеделник, 5 мај 2025

Таравари: Мицкоски треба да каже дали сме му потребни во Владата или не

Ако премиерот Мицкоски смета дека сме непотребни, ние ќе ја напуштиме Владата, изјави денеска Арбен Тарвари од Алијанса за Албанците, партија која неодамна ја напушти коалицијата Вреди, која е дел од владиното мнозинство.

Објавено на

часот

Сподели

Таравари кажа дека веќе разговарал со Мицкоски околу ситуацијата во колациијата Вреди.

„Ние како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи исто како што одлучи и ЗНАМ, со меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на Вреди. Гледам емотивни реакции од тоа што остана во Вреди. Во периодов треба да бидеме внимателни и умни и да се обидеме да бидеме порационални бидејќи се работи за политика. Не сакам да давам прогнози и гледам што пооправдано да носам одлуки. На крајот на краиштата, доколку во Вреди се одлучни за тоа што зборуваат во последните денови, ние како партија ќе ги видиме нашите опции за кандидатите за градоначалници“, кажа Таравари при посетата на Општата болница во Куманово.

„Владата ја прави премиерот. Сум разговарал со премиерот и пак ќе разговарам. Доколку смета дека не е потребна АА, немаме проблем да ја напуштиме Владата. Сепак сметам дека партијата е потребна во Владата. Не може никој друг да каже освен тој што формира Влада. Не треба да брзаме“, рече Таравари за евентуалното излегување на неговата партија од владеачкото мнозинство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ