понеделник, 15 декември 2025

Таравари ќе има кандидати за градоначалници во Гостивар, Теарце, Сарај и Врапчиште

Партијата Aлијанса за Албанците на Арбен Таравари синоќа одржа состанок во Тетово по кој информираа дека ќе имаат четворица кандидати за градоначалници. За нови мандати како градоначалници ќе се борат актуелните Ваљбон Лимани за Гостивар и Исен Шабани за Врапчиште.

Објавено на

часот

Сподели

„За Општина Сарај кандидат ќе биде Блерант Рамадани, генерален сектетар на партијата. За Теарце – Назим Таипи, кој е претседател на партиското собрание. Следуваат активности за промоција на кандидатите“, истакна Арбен Таравари на прес-конференцијата по партискиот состанок.

Носителите на листи сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ