вторник, 20 мај 2025

Таравари: Инсулин ќе се набавува на две години, јавната набавка за годинава е завршена

Министерот за здравство Арбен Таравари од Тетово информираше дека јавната набавка за инсулин е завршена, потпишан е договор и извршено снабдување на аптеките и болниците со лекот за регулирање на шеќер во крвта. Тој рече дека јавната набавка е за наредните две години, што го оцени како начин да се избегне недостаток на инсулин.

Објавено на

часот

Сподели

„Како Министерство за здравство и Националната комисија за дијабет, одлучивме набавката за инсулин да се прави секоја втора година. што мене ми се допаѓа. Многу е порационално, да нема недостиг, секоја година се набавува, па пак додека се направи набавката, има некогаш два – три дена или до 10 дена да недостасува. На две години ќе се набавува, така веќе е завршена јавната набавка, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, истиот речиси 10-15 години. Ова е рационализирање и мислам дека е подобро за сите граѓани, особено за тие со дијабет“, изјави Таравари од Тетово.

На новинарско прашање, Таравари информираше дека сè уште го чека извештајот од комисијата за стручен надзор за случајот со починат пациент на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија – Скопје.

Министерот во Тетово на Медицинскиот факултет го посети тестирањето на лекари кои специјализирале во приватни болници, а се јавиле за вработување во јавните здравствени установи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ