понеделник, 19 мај 2025

Таравари: Имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени  и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.

„Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени  и отворени да разговараме со  сите во однос на локалните избори“, рече Таравари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ