„Во преговорите инсистирав да имаме посебна листа како Алијансата за Албанците, но и другите партии, бидејќи така мотивираме повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори. Но, ќе видиме, ќе направиме“, рече тој.
Таравари истакна дека со лидерите од коалицијата Влен се во континуирана комуникација и оти имаат коректни односи. Потенцира дека се подготвуваат за локалните избори и очекува наскоро да излезат и на јавноста да им ги кажат ставовите.