Инцидентот настана откако пајак-службата, во придружба на полиција, пристигна на локацијата за да го отстрани непрописно паркираното возило. Возачот, во обид да ја спречи постапката, се качи на кровот на таксито, изразувајќи јасен став дека нема да дозволи возилото да биде подигнато.
Тој не отстапуваше и кажа дека е подготвен да ја плати само законски пропишаната парична казна од 1.500 денари, без дополнителни трошоци за подигање на возилото.
По кусо договарање со надлежните, му беше изречена само парична казна, а возилото остана на местото на настанот.
Фото: МКД