понеделник, 8 декември 2025
Според неофицијални информации

Тајната полиција ги следела редакциите на НетПрес, Курир и на Република, таргет бил и Орце Камчев

Таргет за обработка на тајната полиција – АНБ биле новинарските редакции на НетПрес, Курир и на Република, пренесува НетПрес повикувајќи се на неофоцијални информации. 

Објавено на

часот

Сподели

Досиеја за редакциите на НетПрес, Курир и на Република биле оформени во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а истовремено фирмите на овие три информативни портали биле под интензивна шпионска истрага на Финансиското разузнување.

Засега нема информација за координација меѓу тајната полиција – АНБ и Финансиското разузнавање во врска со шпионската обработка на редакциите на трите онлајн медиуми и на нивното деловно работење.

Според неофицијалните информациите на НетПрес новинарите, уредниците, директорите, и останатите вработени во НетПрес, Курир и во Република биле физички следени од припадниците на АНБ и тоа одреден временски период, но засега не е точно утврдено колку тоа траело.

Операцијата за шпионирање на редакциите на НетПрес, Курир и на Република, според првичните сознанија од истрагата, ја водела одбрана група од десетина припадници на тајната полиција – АНБ, додека во периодот во кој се одвивала таму директорувал Виктор Димовски, разузнувачки кадар на СДСМ. Исто така, нивните извори велат оти во целата работа голема улога одиграл и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во тајната полиција – АНБ, и сопруг на некогашниот висок финкционер на СДСМ, Фросина Ременски, која политички „изгоре“ во аферата „Рекет“ тешка неколку милиони изрекетирани евра.

Целта на тајната полиција – АНБ била откривање на непријателски елементи во Македонија. Поточно во случајов како непријателски елементи за Македонија разузнавачите, поточно шпионските кадри на СДСМ си ги таргетирале новинарските редакции на НетПрес, на Курир и на Република. Главна цел на овие три онлајн медуми, според тајната полиција – АНБ, била уривање на тогашната власт, креирање на јавно мислење против евроинтеграциите на Македонија, како и против т.н. Француски предлог, во спорот со Бугарија.

Од досега објавеното во медиумите познато е дека под шпионска обработка на тајната полиција – АНБ, во периодот кога била раководена од кадрите на СДСМ, биле претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот на оваа партија, Александар Николоски, како и пратеникот Драган Ковачки.

Таргет на тајната полиција – АНБ бил и бизнисменот Орце Камчев, против кого бил отворен предмет со лажна белешка од вработен во Агенцијата за национална безбедност.

Тој си напишал дека Камчев наводно се среќавал со луѓе од бугарските безбедносни служби, за што познатиот македонски бизнисмен заврши во повеќемесечен притвор.

Подоцна разнузнавачот на АНБ кој ја напишал белешката, во рамки на внатрешна истрага во тајната полиција си признал дека таа е со лажни податоци, но оти наводно морал да го стори тоа бидејќи имал притисок од претпоставените во Агенцијата за национална безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ