недела, 21 декември 2025

Тачи: На следниот јавен настап ќе кажам кои луѓе го молеле Мицкоски ДУИ да влезе во Владата (ВИДЕО)

Meндух Тачи, лидерот на ДПА, партија која до неодамна беше дел од коалицијата на ДУИ Европски фронт, синоќа во интервју за ТВ21 ги обвини „интегративците“ за манипулации порачувајќи им дека доколку продолжат со тоа ќе обелодени за нивните молби до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако продолжите да манипулирате, ќе кажам за сѐ што сте го молеле Мицкоски. Вечерва ќе одам до тука. Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следниот мој јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски, со имиња и презимиња, на бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, како се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата без претседател во Собранието“, рече Тачи.

Тој изјави дека се покајал што влегол во Европскиот фронт, а причината за тоа било непридржувањето на она што било договорено од страна на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ