недела, 22 март 2026

Сѐ уште непознат е идентитетот на жената чие тело во распаѓање било пронајдено кај Зрновска Река

Нема уште информации за идентитетот и за причините за смртта на жената чие тело во распаѓање беше пронајдено вчера во близина на Зрновска Река кај местото викано Ѓошевски орев. Истражните органи чекаат на извештајот од Институтот за судска медицина каде е врши идентификација и обдукција на телото.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера наутро кај Зрновска река беше пронајден женски обезглавен труп во распаѓање. Анализите треба да покажат дали деловите од телото што недостасуваат се отсечени или пак по смртта животни го распарчиле телото.

Од Институтот за судска медицина велат дека извештајот најдоцна до утре ќе биде испратен до обвинителството.

На листата на исчезнати лица на МВР има дваесетина жени по кои се трага со години.

Вчера долж коритото на Зрновска река полицајци и пожарникари го пребаруваа теренот за дополнитлени докази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ