Кај селото Стровија, Општина Долнени, гори нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот на територијата на Општина Берово, на планината Готен кон Малешевските планини, каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Изгаснати се осум пожари на териториите на општините Кичево, Куманово, Липково, Чашка, Ресен Битола, Гевгелија и Струга.






