петок, 30 мај 2025

СВР Тетово во Вејце им оддаде почит на осумтемина загинати бранители во 2001 година

Раководството на СВР Тетово, денеска во 12 часот во с. Вејце, Тетовско им оддаде почит на загинатите бранители кај месноста Бреза во с.Вејце и положи цвеќе пред спомен плочата. На денешен ден пред 24 години кај с.Вејце осум припадници на безбедносните сили загинаа бранејќи ја татковината.

Објавено на

часот

Сподели

И во касарната Илинден во Скопје денеска делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили кај месноста Вејце.

Од МО соопштија дека во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на армијата, поранешни припадници на баталјонот за специјални намени и членови на семејствата на загинатите припадници на армијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ