Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово. Се преземаат мерки, дадени се насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свлечишта, информираат од ЦУК и додаваат дека на територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања.
Таму се екипи на ЈП Македонија пат кои редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот. Кај одроните на патот кон село Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.






