недела, 14 декември 2025

Свежо цвеќе пред споменикот во Леуново во спомен на жртвите и палењето на Леуново во 1943 година

Пред споменикот на антифашистичката борба во селото Леуново, Маврово, денеска жителите положија свежо цвеќе по повод злосторството извршено од албанските балисти и италијанските фашисти на денешен ден 1943 година. Организатор на ова одбележување беше месната заедница Леуново, кметот Владо Лазаревски и Зоран Апостоловски и Боже Адамовски.

Објавено на

часот

Сподели

На 21 август 1943 година целосно беа запалени 130 куќи и биле убиени неколку жители на селото. Неколку дена претходно италијанската војска и балистите запалиле куќи и во соседното село Никифорово. По палењето на селата, луѓето се распрснале по околните села, Маврово, Маврови Анови, Гостивар…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ