По тој повод, денеска во просториите на Националниот парк Маврово во Маврови Анови, ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Македонската риболовна федерација, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово.
Првенството претставува историски момент за земјата, бидејќи за првпат се организира спортски настан од ваков ранг и обем, со учество на екипи од околу 30 држави, меѓународни медиуми и светски риболовни организации.
МИА






