понеделник, 8 декември 2025

Светскиот рекордер во длабинско нуркање во посета на Нуркачкиот центар „Амфора“ во Охрид

По иницијатива на Симона Трповска од Охрид, која го држи македонскиот и балканскиот рекорд за жени, денес во посета на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид беше светскиот рекордер во длабинско нуркање Ахмед Габр од Египет.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Габр е 42-годишен поранешен офицер од египетската армија својата кариера ја продолжува во американската армија каде што го завршува курсот за борбени нуркачи и постанува единствен сертифициран американски борбен нуркач на Блискиот исток. Ја започнал својата кариера како нуркач на 18-годишна возраст, нуркајќи за задоволство, а подоцна решил да стекне обука за инструктор за нуркање. Во текот на годините како нуркач, тој нуркал и за работа и за задоволство, додека постојано ги градел и развивал своите ментални и физички способности.

– На 18 септември 2014 година Ахмед придружуван од неговиот тим за поддршка од 30 разновидни експерти за нуркање, техничари и лекари тој се спушти на длабочина од 332,35 метри во Дахаб на Црвено Море. Вистинското времетраење на нуркањето беше 13 часа и 50 минути, Ахмед се спушти за точно 14 минути, и тогаш стигна до ознаката од 335 метри (но поради водените струи што го поместија јажето малку настрана, судиите одлучија да намалат на длабочината за 2,65 метри, со што го постигнаа рекордот од 332,35 метри). Изнуркувањето траеше 13 часа и 36 минути. Само за последните 27 метри му требаа седум часа за да стигне до површината. Ахмед овој подвиг го направи при што како дишен медиум користеше Trimix (трокомпонентна мешавина на аот, хелиум и кислород), информираат од Центарот „Амфора“.

Ахмед Габр сруши две светски рекорди во најдлабоко нуркање (машки) и најдлабоко нуркање во море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ