Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар.
Отворениот ден, како што информираат од Министерството за здравство, се организира под мотото „Мозочниот удар се лекува“ и е по повод 29 октомври, Светскиот ден на мозочниот удар.
„Со организирање на отворениот ден за граѓаните, Клиниката испраќа порака за важноста на редовните прегледи и контролата на ризик факторите кои можат да доведат до мозочен удар, како што се зголемен крвен притисок, шеќер во крвта, зголемени масти, пушење и седечки начин на живот“, наведуваат од Министерството.






