сабота, 20 декември 2025

Свето Јаневски го зголемува уделот во сопственоста на „Тиквеш“

„М-6 еден“ ДОО Скопје, друштвото за инжинеринг и услуги минатата недела стана сопственик на 6,53 отсто од вкупниот број акции издадени од „Тиквеш“. За купување на 17.656 акции на „Тиквеш“, во две блок-трансакции, семејството Јаневски платило 2,6 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„М-6 еден“ е семејна компанија на претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, кој е управител на оваа друштво. Во „М6-еден“ содружници се и ќерката на Свето Јаневски, Драгана Јаневска и синот, Јане Јаневски, кој е претседател на Надзорниот одбор на „Тиквеш“.

„Известуваме дека акционерот друштвото за инжинеринг и услуги „М-6 еден“ ДОО Скопје се стекна со 17.656 акции односно 6,53 % од вкупниот број обични акции издадени од ВВ „Тиквеш“ АД-Кавадарци“, информираа од винарската визба преку ценовно чувствитечлната информација објавена на Македонска берза.

Најголем дел од акциите на „Тиквеш“, 80,08%, се во посед на трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот „М-6“ ДОО Скопје. Оваа компанија е во сопственост на Светозар Јаневски, Светлана Пендаровска, Мате Настески, Ратко Чадиковски и Снежана Славкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ